По три победи по ред, запрен е тимот на Лејкерс, кој беше поразен од Кливленд со 116-102, во меч во кој доминираа домашните кошаркари. Дејвис одигра само 8 минути, бидејќи беше болен, додека Леброн Џејмс постигна 21 поен, премалку за да се надева на победа. Кај домашните се истакна Донован Мичел со 43 поени.

Advertisements

Повторно разочара екипата на Мајами, кој беше поразен од Детроит со 116-96, каде се истакна Богдановиќ со 31 поен. Решавачка беше и клупата, од каде дојдоа 57 поени.

Победа во последната секунда за Далас, кој го победи Денвер со 116-115. Лука Дончиќ го заврѓи натпреварот 22 поени, 10 скока, 12 асистенции, додека најефикасен беше Хардавеј 29 поени.

НБА – Резултати

Кливленд – Лејкерс, 116-102

Мајами – Детроит, 96-116

Денвер – Далас, 115-116