Усман Дембеле, Френки Де Јонг и Ансу Фати се три од најпопуларните имиња на пазар од редовите на Барселона. Сепак, претседателот Жоан Лапорта е тој што сака да ги замолчи гласините на пазарот кога се во прашање тројца од најистакнатите таленти во редовите на каталонците.
Првиот човек на клубот „Блауграна“ нагласи дека Дембеле не е продажба, дури и да пристигне понуда од 70 или 80 милиони евра, додека за Де Јонг потенцира дека клубот одлучил да не го пушти на пазарот.
„Не го продаваме Дембеле дури и да пристигне понуда од 70 или 80 милиони евра. Размислуваме да ја продолжиме соработката, ќе разговараме повеќе во иднина. Што се однесува до Де Јонг, и спортското раководство ги носи своите одлуки и презема мерки, и така е одлучено дека играчот од средниот ред, да го нема на пазарот. Истата дискусија важи и за Ансу Фати. Што се однесува до јануарскиот пазар, идејата е да не се троши во овој момент, бидејќи го создадовме тимот во лето“, изјави Лапорта.