Австрискиот канцелар, Себастијан Курц го подигна израелското знаме на покривот на зградата каде што се наоѓаат неговите канцеларии во Виена во знак на солидарност со Израел, во време на борби меѓу израелската армија и палестинските милитанти.

Така Курц застана на страната на Израел во конфликтот што трае од понеделникот.

-Терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда. Стоиме заедно со Израел, напиша Курц на „Твитер“.