Што значи ефикасност на една вакцина? Ова за јавноста на својот фејсбук профил го појаснува д-р Горан Кунгуловски, од Лабараторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.
-Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.
Имаме 10.000 вакцинирани и 10.000 невакцинирани луѓе. Ако 5 од вакцинираните развијат симптоматски COVID-19 и 100 од невакцинираните развијат симптоматски COVID-19 тоа значи дека вакцината има 95% ефикасност, вели Кунгуловски.Во продолжение пак појаснува што значи ако се земе ефикасност против појава на смрт.
-Имаме 10.000 вакцинирани и 10.000 невакцинирани луѓе. Ако 0 од вакцинираните починат од COVID-19 и 100 од невакцинираните починат од COVID-19 тоа значи дека вакцината има 100% ефикасност, појаснува тој.
Во продолжение појаснува и за ефикасноста на постоечките вакцини против Ковид-19.
-Вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna имаат ~95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Astra Zeneca и Јohnson&Johnsson имаат ~70% ефикасност против симптоматска болест после една доза. Спутник В има најверојатно ~90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има ~70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза.
Вакцините Pfizer/BioNTech, Moderna, AstraZeneca, Јohnson&Johnsson, Sputnik V и Sinopharm имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од COVID-19.
Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува.
Да научиме од Србите: не треба да се чувствуваме сигурно и одиме по кафани прв или втор ден после примање на вакцина. По кафани на отворено или домашни собиранки само после примање на предвидените дози од вакцините и само со вакцинирани или претходно заразени луѓе, апелира Кунгуловски.
Што значи ефикасност на една вакцина?
☣️Ајде да земеме ефикасност против појава на симптоматска болест.
➡️Имаме 10…
Posted by Goran Kungulovski on Sunday, 28 March 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.