Кривична пријава му е изречена на жител од Дебар, сопственик на угостителски објкет, поради непочитување на мерките за работно време.

-Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, Одделението за внатрешни работи – Дебар поднесе кривична пријава против И.Ц. (51) од Дебар, информраше портпаролот на секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски.

Според него, при контрола извршена на 20 овој месец, полициските службеници констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за работното време на угостителските објекти до 18:00 часот и во неговиот угостителски објект во Дебар продолжил со работа и примање гости.

Димоски информираше и дека со цел подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Дебар вчера е реализирана акциска сообраќајна контрола.

– При акциската контрола во Дебар, полициските службеници затекнале две возила кои вршат престигнување на непрегледно место, рече Димоски.

Според ОВР Дебар, во изминатото деноноќие се констатирани два прекршока за неносење заштитна маска поради што на лицата им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок.