Јувентус започна со подготовки пред неколку дена, а сега во тимот се приклучи и Кристијано Роналдо.

Португалецот имаше малку подолга пауза поради напорите на Европското првенство, но сега се стави на располагање на новиот тренер Масимилијано Алегри.

Исто како што објавија во Јувентус, во понеделникот наутро Роналдо се појави во тренинг кампот на Јувентус Континаси и е подготвен да ги направи воведните тестови и да го започне тренажниот процес.

Со месеци се шпекулираше за иднината на Португалецот. Прво се зборуваше дека Јувентус го продава ова лето, но сега е јасно дека тој ќе ја предводи Старата дама и следната сезона.

За Роналдо беа заинтересирани неговите поранешни клубови Спортинг, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но и ПСЖ, кој едвај чека да донесе уште една голема starвезда на Паркот на Принц.

Роналдо има договор до летото 2022 година и Јувентус треба да му понуди продолжување на истиот.

Во Серија А, Роналдо минатата сезона постигна 29 голови, а во сите натпреварувања на 54 натпревари постигна 44 погодоци со шест асистенции. Навистина импресивни бројки за 36-годишен …