Претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Ебрахим Раиси во телефонски разговор се заложија за посилна билатерална соработка, соопшти Кремљ.

Advertisements

„Путин и Раиси разговараа за голем број прашања за билатералните односи, со акцент на интензивирање на соработката на политичко, економско и трговско ниво“, се наведува во соопштението на руското претседателство.

Кремљ додаде дека претседателите разговарале и за „областа на транспортот и логистиката“, додека руската и иранската економија се под строги санкции од западните земји.