Кралот Чарлс и сите членови на потесното кралско семејство синоќа се собраа во Бакингемската палата за да го пречекаат ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора, додека десетици илјади луѓе беа по улиците за време на неговото минување низ Лондон.
Кралицата почина во четвртокот, на 96-годишна возраст. Нејзината смрт предизвика луѓе да се собираат во кралските палати низ целата земја, со цел да изразат сочувство. Чарлс, кој автоматски стана крал, исто така патува низ Велика Британија и ги преводи поворките за одавање почит кон досегашниот суверен.
Ковчегот со голема воена поворка денеска ќе биде пренесен до салата Вестминстер, каде ќе биде изложен до погребот во понеделник. Јавноста ќе може да го погледне во кое било време во денот, до утрото кога ќе се одржи погребот, каде присутни ќе бидат светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден.