Косовската полиција го уапси петтиот осомничен за силување на 11-годишното девојче во Приштина. Во меѓувреме, Судот за овој случај им одреди 1 месец притвор на уште четворица приведени, од кои тројца се малолетни. Според досието на Обвинителството, малолетничката кажала дека 5-те лица ја тепале и групно ја силувале цели 7 часа. Голем број граѓани протестираа пред Народниот театар на Косово во знак на протест против насилството врз жените и девојчињата .
„Првата институција на нашето општество, семејството, кое 7 часа не знаело каде им е ќерката, и семејството на оние момчиња кои мислеле дека е во ред да се однесуваат на тој начин со 11-годишно дете, бидејќи не биле ни свесни за делото што го направиле. Ние како општество не правиме ништо, не можеме да чекаме државата да ги заврши овие работи, секој од нас мора да ја започне промената во ова општество“, рече Џералдина Реџепи, организатор на протестот.
„Ги молам Вјоса Османи, Албин Курти, нека ги истражат обвинителите и судиите дали си ја вршат работата според законот и според Уставот на Косово. За овој криминален чин што се случи вчера, тие сторители заслужуваат да бидат обесени овде пред споменикот на Скендербег и такви случаи никогаш повеќе нема да се повторат“, рече Шукри Раткоцери, демонстрант.
„Со душа прво искажуваме достоинствен став за семејството на девојчето, додека имам два збора за владата, треба многу работа, не е само образованието што ги запира овие работи, треба да се кажат со конкретно име и презиме, доста е со криење на овие дела“, додаде Лулзим Беџети, демонстрант.
И за утре со почеток во 12 часот е најавен протест против насилството врз жените и девојчињата.
Шкелзен Аќифи