Обвинувањата за расизам во британското кралско семејство кои Меган Маркл и принцот Хари ги изнесоа во шокантното интервју со Опра Винфри го вознемирија целиот свет.

Бидејќи двајцата одбија да откријат кој бил толку загрижен за бојата на кожата на нивниот син Арчи, шпекулациите и претпоставките не стивнуваат.

epa-efe
EPA-EFE/ROBERT PERRY

Контроверзната британска авторка Лејди Колин Кемпбел тврди дека станува збор за принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета Втора. Кемпбел инсистира на тоа дека коментарот на Ана бил разбран погрешно.

Хари, заради споменувањето на културата, сфати дека станува збор за бојата на кожата. Ана изрази загриженост за последиците некој од толку различна култура да се приклучи на кралското семејство и рече дека тоа ќе предизвика проблеми не само за семејството, туку и за децата кои ќе излезат од таа врска. Хари веднаш побрза да ѝ го пренесе ова на Меган, која коментарот го поврза со бојата на кожата. Ова е личност која едвај чека да најде проблем таму каде што не постои“, тврди Лејди Колин.

Profimedia
Profimedia

Кралското семејство, како и Меган и Хари, сè уште не ги коментираа овие тврдења. За потсетување, Меган во интервјуто со Винфри истакна дека кралското семејство не сакало да му ја даде титулата принц на Арчи поради загриженост за бојата на кожата.

Кемпбел во својот подкаст „Chatting with Lady C“ рече дека дошло до недоразбирање затоа што, како што тврди, коментарот на принцезата Ана се однесувал на културните разлики меѓу Британците и Американците. Таа тврди дека тоа го дознала од извор од палатата.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

Немало никаква загриженост за бојата на кожата на Меган. Ана била загрижена дека ќе има проблеми доколку тој брак се случи и ако имаат деца. Не поради бојата на кожата на Меган, туку затоа што смета дека Меган нема да може да ги прифати разликите во културата“, истакна авторката.

Лејди Колин додаде дека принцезата Ана била загрижена дека Меган „нема да има почит кон институцијата и семејството во кое влегува“.

Никој не е виновен за расизмот, но принцезата Ана прва тврдеше дека Хари не треба да се ожени со Меган затоа што ја сметаше за нестабилна и погрешна личност за тоа место и за оваа држава“, рече таа.