Шпанска студија за комбинирање на вакцини против Ковид-19 откри дека давањето доза на „Фајзер“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „Астра Зенека“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачите.
Таканаречената студија „Комбивакс“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт „Карлос III“, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле „фајзер“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група луѓе кои примиле само една доза „АстраЗенека“, пренесува „Ројтерс“.
Меѓу 600-те учесници во студијата забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.