Фудбалските клубови веќе подолго време ја сфаќаат важноста на социјалните мрежи, па во последните години тие вложуваат максимални напори да им се приближат на навивачите со помош на новите технологии, а особено на поновите генерации.

Покрај Фејсбук и Твитер, европските клубови се посветија и на Инстаграм, а бројките од скоро сто милиони следбеници на оваа социјална мрежа потврдуваат колку се популарни во јавноста.

Како што се очекуваше, двата најпопуларни клуба во светот се наоѓаат на самиот врв – шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона . Кралскиот клуб има 97,6 милиони следбеници, или „само“ еден милион повеќе од најлутиот ривал од Каталонија (96,3).

Постои голема празнина помеѓу овие два шпански клуба и другите великани, па така третопласираниот Јувентус има 48,5 милиони следбеници, додека четвртопласираниот Манчестер Јунајтед има 40,3 милиони следбеници.

Најпопуларната петорка ја заокружува ПСЖ со 34,9 милиони следбеници, а потоа разликата помеѓу клубовите станува сè помала.

Ливерпул е на шестото место со 30,6 милиони следбеници, Баерн на седмо 26,4, Челзи на осмо 26,1, Манчестер Сити на деветто 23,5 и на крајот Арсенал на десетто 19,2.