Самиот старт на Австралија Опен донесе уште еден проблем за организаторите, откако најдобриот домашен тенисер, Ник Кирјос, го откажа настапот на првиот гранслем годинава.

Австралиецот подолго време влече незгодна повреда на медијалниот менискус, се обидуваше да се рехабилитира, но на крајот реши да не ризикува да се случи нешто посериозно, туку веднаш, веќе во текот на оваа седмица, да замине на артроскопија на коленото.

„Лош тајминг, но тоа е животот, повредите се составен дел од спортот. Тешко ми е, нормално, ова е мојот домашен турнир, бев меѓу фаворитите. Чувството во моментов е брутално“, изјави Кирјос./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе