Кина денеска објави дека ќе ја забрза кампањата за вакцинирање на постарите лица против ковид-19, бидејќи бројот на инфекции достигна највисоко ниво во последните денови. Националната здравствена комисија во меморандум вети дека ќе ја забрза стапката на вакцинација на лицата над 80 години и ќе продолжи да ја зголемува стапката на вакцинација на лицата на возраст од 60 и 79 години.
Стапката на вакцинација во Кина, особено кај најстарите луѓе, е еден од редовните аргументи на владата да ја оправда строгата здравствена „нулта ковид“ политика со постојани заклучувања, карантини по пристигнувањето од странство и речиси секојдневно тестирање на населението. Само 65,8 отсто од жителите постари од 80 години се целосно вакцинирани, изјавија претставници на Националната здравствена комисија на денешната прес-конференција. Кина денеска забележа 38.421 нови случаи, што е блиску до највисокиот број од почетокот на пандемијата постигнат овој викенд. Сепак, огромното мнозинство случаи се асимптоматски, а тој број е многу мал во споредба со 1,4 милијарди население во Кина.