Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, зборуваше за целите што си ги постави пред себе.

– Имам уште многу да дадам. Мојата статистика може да биде дури и подобра отколку што е сега. Не се плашам да кажам дека сакам да бидам најдобар. Сакам да се обидам да го достигнам нивото на Роналдо и Меси. Мојата главна цел е да освојувам трофеи и да постигнувам 50, 60, 70 гола секоја сезона. Притисокот што си го ставам врз себе е секогаш многу поголем од оној што може некој друг да ми го наметне, изјави Кејн.

Претходно беше објавено дека напаѓачот има намера да го напушти Тотенхем ова лето и веќе ја известил управата на клубот за ова. Беше објавено дека тој сака да се пресели во Манчестер сити.

Дваесет и седумгодишниот Кејн оваа сезона одигра 34 натпревари во Премиер лигата со 22 погодоци и 13 асистенции.