Американската раперка Карди Би (28) неодамна си купила нова „Hermes Birkin“ ташна за која платила неверојатни 240.000 долари.

Имено, оваа ташна има повеќе прегради и е мултипрактична, а инспирирана е од војничкиот дизајн. Сошиена е од кожа и платно и има 5 џебови однадвор, па дури и вграден држач за чаша.

„Birkin Cargo“ ташната е достапна во две големини по цена од 65.000 долари и 80.000 долари. Карди Би ги има речиси сите ташни од овој луксузен моден бренд и ги обожава, па дури ги нарекува и свои „миленичиња“.

Фото: Инстаграм

Меѓутоа Карди Би за ова свое „милениче“ не можела да чека да и го испорачаат, па понудила 240.000 долари, односно тројно повеќе со цел да и ја достават веднаш.

„Многу ја посакував ова ташна. Не разбирате, се јавив во секоја „Hermes“ продавница, а ташната излезе оваа година. Морав да платам тројно повеќе, но јас ја обожавам“.

„Едноставно мислам дека е прекрасна“, додаде раперката.

Инаку Карди има полн плакар со „Hermes“ луксузните ташни, вклучувајќи ги и верзиите со крокодилска кожа во сите можни бои.