Познатиот италијански тренер Фабио Капело смета дека Интер е новиот шампион на Италија.

По победата над Торино, и поразот на Милан против Наполи, Интер стигна до девет бода предност пред другите екипи и незапирливо маршира кон Скудетото.

“Веќе со недели велам дека Интер е веќе шампион. Го реков тоа кога Милан загуби од Специја, сега повторно повторувам. Нема шанси Интер да го загуби Скудетото”, рече Капело.

Поранешниот тренер на Милан, Јувентус, Рома, Реал Мадрид, Џингс Сунинг и поранешниот селектор на Англија и Русија потенцираат дека на Конте треба да му се честита оваа сезона.

“Мислам дека Јувентус е покомплетен од Интер, но затоа сега сите мораме да му честитаме на Антонио Конте за оваа одлична сезона. Тој може да има послаб тим од Јувентус и тие повторно ќе бидат шампиони”, додаде Капело.