Канада го освои трофејот во Дејвис Kупот, најважниот тимски настан во машкиот тенис, за прв пат во својата историја. На турнирот кој се одржа во Малага (Шпанија), репрезентацијата на Канада во финалето ја совлада репрезентацијата на Австралија со 2-0.

Advertisements

Решавачки беа двата сингл меча, каде Денис Шаповалов го победи Танаси Кокинакис со 2-0, додека другиот Канаѓанец, Феликс Огер-Алиасиме со 2-0 го победи Алекс Де Минаур. Покрај овие двајца тенисери, во канадската репрезентација се и Габриел Диало, Алексис Галарно и Васек Поспишил.

Во полуфиналето, Канада ја елиминира Италија со 2-1, додека Австралија ја победи Хрватска со 2-1. Во 2019 година, Канада отиде до финалето, додека оваа година успеа да триумфира.

Прикажи повеќе