Истражувачи во САД спроведоа студија која покажа дека соединение од растение канабис спречува инфекцијата на тешкиот акутен респираторен сидром коронавирус во клетките на белите дробови кај човекот.

Тимот на Марша Роснер од Универзитетот во Чикаго во Илиноис открил дека канабидиол (ЦБД) и неговиот метаболит 7-ОХ-ЦБД потенцијално ја блокираат репликацијата на САРС-КоВ-2 во епителните клетки на белите дробови, пишува „News Medical Life Sciences“.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Соединението, исто така, предизвикало експресија на интерферони – клеточни сигнални протеини кои ги создаваат клетките домаќини како рана реакција на инвазијата на вирусот. Со што, инциденцата на САРС-КоВ-2 до одреден степен била помала кај групата пациенти кои земале „ЦБД“, во споредба со пациенти кои не земале „ЦБД“.

Оваа студија потврдува дека канабидиолот и неговиот активен метаболит „7-ОХ-ЦБД“ можат да бидат потенцијални превентивни агенси и терапевртски третмани за САРС-КоВ-2 во раните фази на инфекцијата“, велат истражувачите.