Во 1892. година, Џејмс Нејсмит ги објави првите 13. правила со што кошарката започна да го добива обликот кој во денешно време е еден од најпопуларните спортови.

Иако поминаа точно 129 години, правилата на Нејсмит со одредени промени, актуелни се и во денешно време.

Правило број 1: Топката можете да ја фрлите во било која насока користејќи една или две раце.
Ова правило досега доживеа само една измена, и во модерната кошарка не е возможно топката да се врати во својата половина откако екипа ќе помине на противничкиот дел од теренот.

Правило број 2: Топката може да се удри во било која насока со помош на едната или двете раце, но никако со бокс.
Ова правило и денеска се применува без никакви промени. Причина поради која Нејсмит го воведе ова правило е поради желбата да се ограничи можноста на употреба на физичка сила во борба за топката.

Правило број 3: Играчот не смее да трча со топката, туку мора да ја проследи од местото на кое се наоѓа во моментот на фаќањето на истата. Исклучок се играчите кои топката ќе ја фатат кога трчаат, под услов да се обидат веднаш да застанат.
Ова правило не беше долго време на сила и беше изменето. Во денешно време кошаркарите имаат право да се движат со топката за време на дриблинзите, но не и да ја држат со две раце во тие моменти.

Правило број 4: Топката може да се држи само со рацете, не и со другите делови од телото.
Ова правило и понатаму е активно. Кошаркарите и во денешно време не смеат топката да ја контролираат со ниту еден друг дел од телото, освен со рацете.

Правило број 5: Забрането е удирање со рамо, држење, сопнување или удирање на противникот. Во случај на прв прекршок, на играчот ќе му биде досудена лична грешка. Доколку го повтори истото, ќе биде исклучен до следниот поен, додека играчот доколку се утврди дека постои јасна намера за предизвикување повреда – ќе биде исклучен од натпреварот без право на замена.
Речиси сите прекршоци е денеска се судат, а кога станува збор за прекршок направен со цел да се предизвика повреда, играчот ќе биде исклучен. Според актуелните правила, во сите натпреварувањата во организација на ФИБА играчот има право да направи пет лични грешки, додека во НБА лигата границата е поголема и таа изнесува шест.

Правило број 6: Прекршок е и удирањето на топката со бокс како и кршење на правилата 3,4, и 5.
Ова правило без никакви промени е актуелно и денеска.

Правило број 7: Во случај на три прекршоци по ред на една екипа, противничкиот тим добива поен.
Ова правило напишано од Џејмс Нејсмит не остана актуелно долго време, па во последните децении неколку пати се менуваше се додека не се усвои актуелното правило според кое екпиата има право на четири прекршоци во една четвртина по што потоа влегува во „бонус“ по кој секој нареден прекршок значи слободни фрлања за противникот. Во ФИБА ова останува исто, додека во НБА лигата има неколку додатоци на ова правило. Офанзивните прекршоци не се сметаат како бонус, додека во последните две минути од натпреварот екипата влегува во бонус по вториот прекршок иако дотогаш нема направено ниту еден прекршок во последната четвртина.

Правило број 8: На екипата ќе и биде доделен поен кога топката ќе ја уфрли во корпата под услов таа да остане таму. Доколку топката остане на ивица, а одбраната ја „тргне“ ќе биде доделен поен.
Ова е уште едно од правилата кои си минимални корекции, сè уште се актуелни. Денеска одбраната не смее да ја допира топката кога е во надолна линија или веќе удрила во таблата. Во спротивно поените автоматски ќе бидат признати.

Правило број 9: Доколку топката ја напушти границата на теренот, неа ќе ја врати првиот играч кој ќе ја допре. Доколку постои двоумење, во игра ќе ја уфрли главниот судија. За да ја уфрли топката на теренот, играчот има пет секунди и доколку не го стори тоа во предвиденото време, топката ќе му припадне на противникот.
Според денешните правила доклку екипата ја исфрли топката во аут, таа автоматски ќе му биде доделена на противникот кој ќе мора да ја изведе од тоа место. За изведување на топката од аут исто така се дозволени максимални пет секунди.

Правило број 10: Натпреварот го води главен судија чие задолжение ќе биде да води сметка за тоа дали некоја екипа направила три прекршоци и за тоа да го извести помошниот судија.
Денеска натпреварите ги судат тројца судии, еден го има статусот на главен, но одлуките се носат заеднички.

Правило број 11: Судијата ќе одлучи кога топката ќе се уфрли во игра, на кого му припаѓа и ќе внимава на времето на игра. Тој ќе одлучи дали е кош или не, ќе ги брои поените и сите останати должности кои се вообичаени за судија.
Во модерната кошаркар, за времето и за резултатот е задолжена записничката маса, а судиите одлучуваат за тоа дали поените се регуларни или не како и за тоа дали станува збор за шут за два или за три поени.

Правило број 12: Натпреварот трае два пати по 15 минути, со петминуен одмор помеѓу двете полувремиња.
Според правилата на ФИБА натпреварот трае 40 минути и се играат четири четвртини по 10 минути. Во НБА лигата се играат четири четвртини по 12 минути, додека во НЦАА лигата се играат две полувремиња од по 20 минути.

Правило број 13: Екипата која ќе постигне највеќе поени се смета за победник. Во случај на нерешен резултат, натпреварот ќе продолжи до првиот нареден поен.
Ова правило е модификувано во денешно време и доколку натпреварот заврши нерешено победникот ќе биде одлучен во продолежнието од пет минути. „Таткото“ на кошарката, Џејмс Нејсмит кога го одредуваше правилата сметаше еден секој кош е еден поен. Во денешно време, слободните фрлања носат еден поен, поените од рекетот два поени, додека поените надвор од линијата од 6.75 метри носат три поени.

Во денешната кошарка правилата речиси се идентични. Во НБА лигата официјално има 14. правила, додека во натпреварувањата под капата на ФИБА се осум правила. Разликата е во нивната поделба па секое од овие правила има голм број дополнителни објаснувања со што нивниот број достигнува над 100 правила и појаснувања.