Веројантно никогаш не сте претпоставиле дека скромниот рутер за приклучување на интернет може да троши толку многу струја, но ако го оставите уклучен цел ден, исто како да сте донеле уште еден фрижидер во домот.
Германската сојузна агенција за заштита на околината апелира сите да обратат внимание на енергетскиот статус на рутерот пред да го купат да се уверат дека има најмала можна потрошувачка на енергија кога е вклучен и во стенд-бај мод.
За да заштедите на струја, препорачливо е да си набавите рутер кај кој има опција да се гаасне кога не се користи интернет.
Можеби не сте знаеле, но отсега практикувајте да ги исклучувате апаратите кои не ги користите бидејќи трошат енергија и додека се во состојба на мирување. Како полначот за мобилен, на пример.
Истото се случува и со дигиталните ТВ-приемници кои продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен. Експертите советуваат кога го исклучувате телевизорот да го исклучете и дигиталниот ТВ-приемник кој троши 22 вати на ден, иако не е во употреба.
Компјутерите, исто така, се неверојатни потрошувачи на струја. Доколку не сакате да ви потрошат 95 вати на ден, подобро исклучувајте ги од штекер. Доколку ги оставите на „стендбај“, потрошувачката е уште поголема.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.