Додека 2020 година со сигурност беше една од најпредизвикувачките години досега, Кајли Џенер и Канје Вест најдоа начин да профитираат повеќе од која било друга позната личност, пренесува „Daily Mail“.
Џенер (23) и Вест (43) кој е во брак со нејзината полусестра Ким Кардашијан, се најдоа на врвот на годишната листа на „Forbes“ за најбогати познати личности за 2020 година.
Џенер лесно се најде на првото место на листата со вртоглави 590 милиони американски долари заработени само оваа година, додека Вест „застана“ на второ место со заработени 170 милиони.
Најголемиот дел од заработката на Џенер за оваа година била продажбата на 51% од нејзината компанија „Kylie Cosmetics“ на компанијата „Coty“.
Таа заработи 600 милиони американски долари од продажбата, а според „Forbеs“ таа остварила 540 милиони американски долари приход.
„Forbes“ проценува дека во ноември нејзината нето-вредност била околу 700 милиони американски долари. Нејзината компанија во 2019 година имала приход од 200 милиони долари и 175 милиони следбеници на социјалните мрежи.
Додека, заработката на Вест од 170 милиони американски долари ја зголеми неговата нето вредност на 1,3 милијарди долари.
Вест склучи договор со компанијата „Adidas“ која ги изработува неговиот бренд на патики „Yeezy“ со тоа што компанијата му плаќа „годишен хонорар“ на раперот. Од брендот „Yeezy“ имал огромна продажба од 1,3 милијарди американски долари, само во 2019 година, а покрај патиките Вест има и своја линија за облека.
За Вест се вели дека целосно ги поседува сите свои брендови, а во јули објави дека потпишал договор со компанијата „Gap“ за продажба на својата линија облека „Yeezy“.
Остатокот од првите 10 на листата на „Forbes“ се состои главно од спортисти, а пет од осуммина го заработуваат своето богатство првенствено преку спортските плати:
- Роџер Федерер – 106,3 милиони американски долари
- Кристијано Роналдо – 105 милиони американски долари
- Лионел Меси – 104 милиони американски долари
- Тајлер Пери – 97 милиони американски долари
- Нејмар – 95,5 милиони американски долари
- Хауард Стерн – 90 милиони американски долари
- Леброн Џејм – 88,2 милиони американски долари
- Двејн Џонсон – 87, 5 милиони американски долари