Македонскиот фудбалски тим Шкендија има добри подготовки и не знае за пораз на пријателските натпревари во Словенија.

Тетовчани предводени од новиот тренер Нухиу славеа и над словенечка Горица која ја добија со 2-0 (0-0). На паузата немаше голови, а во второто полувреме погодија Красниќи и Јакупи и го поставија конечниот епилог.

Шкендија се подготвува за првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА каде ја чека двомеч со Хаверфордвест од Велс./Gol/

Прикажи повеќе