Јурген Клоп одлучи синоќа во 43-таминута да го извади од игра 26-годишниот играч за врска Наби Кеита. Причините за оваа измена не се познати, а секако тоа му паднало тешко на самиот фудбалер. Според угледниот германски весник “Билд“ тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ливерпул и ќе се врати во германскиот Лајпциг.

-Наби не одигра како што треба, не беше на висината на задачата. Но, да бидам искрен не беше само тој, да можев ќе направев повеќе измени во тој момент, изјавил Клоп по мечот.

Кеита во Ливерпул пристигна во 2018-та година токму од Лајпциг за 60 милиони евра.