Речиси три недели траеше изборот на четворицата нови министри. Во своите обраќања пратениците со денови меѓусебно се обвинуваа за криминал и корупција
Со 64 односно 65 гласа „ЗА“, без воздржани или против, по петнаесетина дена жестоки дебати Собранието доцна вечерва ги избра четирите нови министри во Владата. Во Кабинетот на премиерот Ковачевски влегуваат тројцата министри од редовите на Алијанса за Албанците – Азир Алиу ќе го раководи ресорот здравство, Фатмир Меџити ќе раководи со министерството за информатичко општество и администрација, Кренар Лога со правда а во министерството за животна средина и простотрно планирање влегува кадарот на СДСМ, Каја Шукова.
Азир Алиу ќе го раководи ресорот здравство, Фатмир Меџити ќе раководи со министерството за информатичко општество и администрација, Кренар Лога со правда а во министерството за животна средина и простотрно планирање влегува кадарот на СДСМ, Каја Шукова
Реконструкцијата на Владата доаѓа откако во владеачкото мнозинство влезе и Алијанса за Албанците што беше причина дотогашниот партнер, партијата Алтернатива, да замине во опозиција. Па така Алиу и Меџити ќе ги заменат Адмирим Алити и Беким Сали од Алтернатива, Кренар Лога седнува во фотељата која ја држеше професорот Никола Тупанчевки, а Шукова го менува Насер Нуредини од ДУИ, откако неговата партија се откажа од министертството поради запазување на етничкиот клуч во Владата.
Новите министри според процедурата дадоа свечена изјава пред пратениците, со што официјално ја превземаа функцијата во Владата а вече утре ќе бидат и на редовната седница на која треба да се донесат клучни одлуки околу цените на прехранбените производи и субвенционираната струја.
Премиерот Ковачевски во обраќањето по изборот кажа дека реконструкцијата на Кабинетот не ја водел според имиња или личмни и партиски интереси и дека станува збор за квалитетни кадри.
Спикерот Џафери ги констатираше разрешувањата на замениците министри во одбрана, Башким Хасани, во земјоделство, Абдулшуќур Абедини, и во образование – Лулзим Алиу. На предлог на премиерот Ковачевски на нивно место ќе седнат Тирон Јајага за одбрана, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука а именувани ќе бидат и Викторија Аврамовска-Матиќ за заменик-министер за правда и Маја Манолева за заменик-министер за здравство.
Седницата продолжува утре со изборот на заменици министри а веќе се пријавени 40 пратеници за збор па така спикерот Џафери најави дека утрешната седница ќе трае подолго односно се додека не се исцпи списокот на пратеници.