Гласачите во источната германска покраина Саксонија-Анхалт излегоа на гласачките места денес за да изберат нов покраински парламент.

Според излезната анкета на телевизијата МДР, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел освои 36 проценти од гласовите, шест проценти повеќе од пред пет години и далеку повеќе од крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која има 22,5 проценти помалку отколку на претходните избори, пренесува Танјуг преку Ројтерс.

Анкетите пред изборите предвидуваа дека AФД ќе има само процент помалку од ЦДУ, што предизвика нервоза во партијата на канцеларката Ангела Меркел.

За време на гласањето, популарниот претседател на покраинската влада, Рајнер Хазелоф од ЦДУ, рече дека стори сé што може за да ги убеди гласачите во релативно сиромашниот регион да не се свртат кон крајната десница.