Македонската фудбалска репрезентација во  исклучително значајниот натпревар против Исланд со супериодна игра триумфираше со 3:1 во 10-ти коло од квалификациската група J и заслужено се пласираше во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Агресивниот почеток веднаш веќе во 2 минута донесе одлична шанса за Трајковски но неговиот шут откосо од левата страна за малку завршува покрај дирекот од голот на Исланд. Веќе во 4 минута и Елмас шутира од 16 метри, но Олафсон со крајни напори брани исфрлајќи во корнер.

И тоталната офанзива вроди со плод во 7 минута, кога Трајковски одлично по левата страна го проигра Езџан Алиоски а левокрилниот дефанзивец испраќа „бомба“ откосо за прекрасен погодок за водство од 1:0.

По погодокот и натаму ја продолжи иницијативата пред гостинскиот гол. Се редеа можности, но непрецизно завршија обидите на Дарко Велковски по корнерот во 22 минута, како и на Енис Барди во 24 минута. И во 26 минута стопроцентна шанса за Милан Ристовски кој избива сам пред гостинскиот гол, но Олафсон брани.

Во 37 минута уште еден обид, овојпат со глава, на Милан Ристовки, но над голот на Исланѓаните.

Во 41 минута беше поништен погодок за Македонија. По шутот на Алиоски и одбиената топка од гостинскиот голман, Чурлинов од 7-8 метри ја тресе мрежата, но по ВАР-проверката голот е поништен затоа што Чурлинов е милиметри во офсајд-позиција.

Стрелец на израмнувачкиот погодок за Исланѓаните е Тостерсон во 55 минута. По ударот на Алиоски, Ељиф Елмас неверојатно се снајде на мал простор и успеа да го „матира“ голманот на гостите. Стрелец на третиот гол за Македонија повторно беше  Елмас во 87 минута.