На вработените во Твитер им е кажано дека зградата во која работат привремене ќе биде затворена и таа одлука стапува на сила веднаш.
Во пораката која Би-Би-Си ја има на увид, на вработените им е кажано дека канцеларијата ќе биде повторно отворена во понеделник на 21 ноември. Причината за оваа одлука не е наведена.
Затворањето на канцеларијата следи по објавата дека голем број на вработени дале отказ откако новиот сопственик на компанијата Илон Маск изјави дека работниците може да ја задржат работата само доколку прифатат на подолго работно време и поинтезивна работа.
Работете подолго или одете си, им порача Маск на вработените на Твитер.
Пораката испратена до вработените гласи:
Бараме да продолжите да се придржувате до политиката на компанијата и да се воздржите од разговори за доверливи информации на компанијата на социјалните медиуми и со печатот.
Твитер не одговори веднаш на прашањата што им ги испратија новинарите на Би-би-си.
Оваа недела, Маск им кажа на вработените на Твитер дека треба да останат на работното место подолго и да бидат подготвени да работат понапорно или да дадат отказ, пишуваат медиумите.
Во е-пошта испратена до вработените, новиот сопственик на компанијата рече дека работниците треба да се согласат со овие услови доколку сакаат да останат, објави Вашингтон пост.
Оние кои не го потпишале овој договор до 17 ноември ќе добијат три месеци отпремнина, рече Макс.
Компанијата на почетокот на ноември објави дека ќе бидат отпуштени околу 50 отсто од вработените. Денешното соопштение дека компанијата Твитер привремено ги затвора своите канцеларии уследи по најавата дека голем број вработени се откажале од работа бидејќи не ги прифатиле новите услови на Маск.
Вработените твитнаа користејќи го хаштагот #LoveWhereYouWorked заедно со емоџи за поздравување за да покажат дека ја напуштаат компанијата.
Мислам дека кога ќе се смири бурата, веројатно ќе останат помалку од 2.000 луѓе, изјави за Би-Би-Си поранешен вработен во Твитер, кој сакаше да остане анонимен.
Тој додаде дека сите во неговиот тим биле отпуштени.
Менаџерот на тимот доби отказ, како и неговиот претпоставен. И тогаш менаџерот на тој менаџер доби отказ.
Лицето над нив беше еден од менаџерите, тој беше отпуштен уште првиот ден. Значи, никој повеќе не е во тој синџир на команда, додаде тој.
Пред Маск да ја преземе контролата над Твитер, компанијата имаше околу 7.500 вработени. Исто така, беше објавено дека компанијата вработувала илјадници работници на договор, од кои повеќето биле отпуштени. Некои вработени рекоа дека се откажале иако биле подготвени да работат подолго и повеќе.
Не сакав да работам за некој кој постојано ни се закануваше преку е-пошта дека тука треба да работат само исклучителни твипови (вработени кои примаат и праќаат твитови) кога веќе работев 60-70 часа неделно, рече еден поранешен вработен во Твитер.
Најбогатиот човек на светот стана извршен директор на платформата за социјални медиуми Твитер откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари.
Запрашан дали Твитер е на работ да се исклучи откако беше испратена пораката за затворање на канцеларијата, Маск напиша на Твитер:
Најдобрите луѓе остануваат, па не сум премногу загрижен.
Во одделни објави, тој твитна емоџи со череп и вкрстени коски и мимика на која е прикажана надгробна плоча со логото на Твитер на неа.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.