Новиот сопственик и шеф на Твитер, Илон Маск објави дека ќе ги врати суспендираните сметки на неговите корисници на социјалната мрежа следната недела, доколку тие не го прекршат законот. Запрашани претходно во анкетата на својот профил дали Твитер треба да понуди „општа амнестија на суспендираните сметки под услов да не го прекршиле законот или да испратиле спам на срамен начин“, 72,4 отсто од околу 3,16 милиони луѓе одговориле „Да!“. „Народот кажа, амнестијата почнува следната недела“, напиша Маск на Твитер во четвртокот, на американскиот празник Денот на благодарноста, со пораката „Vox Populi, Vox Dei“ (Гласот на народот е гласот на Бога).