Инженерите на НАСА повторно забележаа истекување на гориво од новата ракета која се подготвува за лет до Месечината, пред лансирањето закажано за следната недела.
Веднаш по почетокот на денешниот тест, на истото место и во исто време како и досега, и покрај поправките се појави опасно истекување на водород.
Инженерите го исклучија протокот и ги загреаа линиите за гориво со надеж дека ќе го спречат истекувањето, но тоа не се случи, објави АП.
Денешните резултати ќе утврдат дали ракетата висока 98 метри е подготвена за пробен лет околу Месечината во мисија без екипаж, пред да испрати астронаути.
Истекувањето на водород ги прекина двата претходни обиди за лансирање и тестови. Денешното протекување, сепак, беше помало во количина отколку претходно овој месец.
По претходниот обид за лансирање, НАСА замени две дихтунзи. На едната, пукнатината беше широка стотинка од инч (2,54 сантиметри).