Академијата за филмски уметности и науки, којашто ги доделува „Оскарите“, ѝ се извини на Домородната Американка која беше исвиркана и исмејувана пред речиси 50 години на свеченоста на доделувањето, каде што дојде наместо Марлон Брандо.
Апачи глумицата и активистка Сачин Литлфедер, била понижена на доделувањето на „Оскарите“ во 1973 година кога појасни дека ниту отсутниот Брандо, ни таа не може да го прифати неговото одличје за најдобра улога за „Кум“. Тој го одби „Оскарот“ поради дискриминаторскиот третман на Холивуд кон американската домородна заедница.
„Навредите што ги претрпевте се несоодветни и неоправдани. Емоционалниот товар што го сносивте и цената на Вашата кариера во нашата индустрија се непоправливи. Храброста што ја покажавте тогаш предолго остана непризнаена. Затоа Ви нудиме најискрено извинување и го изразуваме нашето искрено восхитување“, се вели во писмото испратено од тогашниот претседател на Академијата, Дејвид Рубин.
Индијката подоцна изјави дека наводно обезбедувањето спречило таа да биде и физички нападната од Џон Вејн – тогаш ѕвезда од каубојските филмови. Се говори дека и Клинт Иствуд ја исмејувал и дека подоцна била бојкотирана од Холивуд.
Глумицата сега има 75 години. Таа веднаш се јави со реакција на ова јавно извинување.
– Ние Индијанците сме многу трпеливи луѓе – минаа само 50 години… Мора да ја задржиме нашата смисла за хумор. Тоа ни е средство за преживување, изјави таа.
Сачин глумела во вкупно седум играни филма. По 1978 година, таа не доби ниедна улога.