Голманот на ракометната репрезентација на Шведска, Андреа Паличка е горд на своите соиграчи кои успеаја да ја совладаат Франција со 32:26 и да обезбедат пласман во финалето на Мундијалот во Египет.

Така Шведска доби шанса да дојде до титулата на местото каде по последен пат триумфираше пред 22 години, а успехот на „трите круни“ добива на тежина доколку се знае дека дури девет ракометари не се дел од репрезентацијата поради проблеми со коронавирусот.

-Ова е неверојатно чувство, единствено ми е жал што сум се постар и нема да бидам дел од многу натпреварувања со оваа млада екипа. Навистина се фантастични, неверојатно работат и ова е огромен успех за шведскиот ракомет. Се уште не можам да поверувам каков успех направивме. Амбициите не беа да дојдеме до финалето и никој од страна не веруваше во тоа, но ние верувавме во нашата игра и сега сме во големото финале. Ова е позитивен знак, дури и да загубиме во финалето – изјави Паличка.