Познатиот македонски новинар Бранко Геровски смета дека Северна Македонија е подготвена да се соочи со фалсификатите на комунистичката историографија.

„Јас како студент имам учено дека нашите дејци револуционери, во најголем дел, скоро стопроценто, се изјаснувале како Бугари. Има контекст, има зошто е тоа така. Тие луѓе не се бореле овој простор да биде дел од Бугарија, туку се бореле за независна, автономна или федерална Македонија. Ние се соочивме со тоа дека зборникот на браќата Миладиновци не се вика Македонски народни песни, туку бугарски народни песни“, вели новинарот Геровски во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk.

Toj тврди дека нема потреба Бугарија да ја притиска земјата за да се соочи со заблудите од минатото затоа што историјата е жива материја и сеуште со проучува.

„Со Бугарите имаме мотеолоѓки проблем, по диктат на Софија да се хармонизираат учебниците“, тврди Геровски.
Според него, Али Ахмети и Албанците треба да разберат дека има работи за кои Македонците нема да се согласат по никоја цена.

„Бугарството не може да биде европски идентитет на македонската нација. Вие може да зборите што сакате, но од мене Бугарин не бидува“, додава Геровски.