Германската Влада одобрила извоз на оружје во вредност од над милијарда евра во земјите вклучени во конфликтите во Јемен и Либија, јави ДПА.

До 17 декември Берлин одобрил продажба на оружје и воена опрема во вредност од 725 милиони евра само на Египет, соопшти Министерството за економија на барање на пратеникот од Бундестагот Омар Нурипур.

Одобрен е и извоз на оружје во Катар (305,1 милиони евра), Обединетите Арапски Емирати (51,3 милиони евра), Кувајт (23,4 милиони евра) и Турција (22,9 милиони евра).

Издадени се дозволи за Јордан (1,7 милиони евра) и Бахреин (1,5 милиони евра), со што вкупната вредност на извозот на оружје достигна 1,16 милијарди евра.

Сите тие држави се вклучени во еден или во два конфликти – во Јемен и во Либија.