Германско-српската стопанска комора (АХК Србија), претставниците на германската економија во земјите од Западен Балкан (АХК), Стопанската комора на Србија (ПКС), како и Германското здружение за управување со материјали, увоз и Логистика, денеска поканија компании од Србија и земјите од Западен Балкан да бидат дел од регионалниот Б2Б проект „Германска иницијатива за пронаоѓање добавувачи во земјите од Западен Балкан“.

Состанокот ќе се одржи на 6 декември во Штутгарт, а целта на проектот, кој се спроведува осма година по ред, е германските компании да најдат производители од бараните индустриски области во Србија и земјите од Западен Балкан.

Крајниот рок за поднесување на апликацијата е 24 октомври, а сите заинтересирани за повеќе детали можат да се обратат во АХК Србија.

Беше посочено дека учество во проектот го потврдиле 50 германски компании.

Како што е наведено, заинтересираните германски компании главно доаѓаат од секторот за преработка на метали, од секторот добавувачи за автомобилската индустрија, од секторот за преработка и производство на пластични материјали и помал број компании од електро и електронскиот сектор.

Настанот се реализира под покровителство на Министерството за економија и енергетика на Германија како дел од Програмата за развој на странски пазари за мали и средни претпријатија на Германија.