Генералното собрание на Обединетите нации изгласа резолуција со која се бара „итно“ повлекување на руските војници од Украина и прекин на непријателствата, со што ОН испратија „силна порака за изолација на Русија на меѓународната сцена“ во пресрет на првата годишнина од агресијата, но истовремено ја отфрли иницијативата на Западот за формирање трибунал за наводните руски воени злосторства.

За резолуцијата која повикува на „сеопфатен, праведен и траен мир“ гласаа 141 земја, 32 беа воздржани, а шест ѝ се придружија на Русија во гласањето „против“.

Усвоената Резолуција ја потврдува „посветеноста на територијалниот интегритет на Украина“ и бара Русија „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“.

Прикажи повеќе