Рускиот Газпром соопшти дека го запрел снабдувањето со гас на соседна Латвија (Летонија), обвинувајќи ја за кршење на условите за набавка на гас.

Advertisements

Русија веќе ја запре испораката на гас за  повеќе земји од Европската унија- Полска, Бугарија, Финска, Холандија и за Данска, кои одбија да платат за гасот во согласност со одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин, со која се бара отворање на сметка во рубљи во руска банка.

Русија, исто така, ја запре продажбата на гас за компанијата Шел во Германија.

Газпром во соопштението не прецизираше кои услови за повлекување на гасот, наводно, ги прекршила Латвија. Потегот на Газпром доаѓа еден ден откако латвиската енергентска компанија Латвијас Газе, соопшти дека купува гас од Русија и оти плаќа во евра, а не во рубљи кои се неопходни за трговија со Газпром.

Портпаролот на компанијата меѓутоа, во петокот рече дека компанијата купува гас од Русија, но не и од Газпром. Тој не сакаше да го именува својот снабдувач, повикувајќи се на деловна доверливост./dw.com/