Вчера во Тирана, во главниот град на Албанија, лидерот на Алтернатива Африм Гаши, придружуван од потпретседателот на оваа партија Хисни Исмаили, имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама, објави Гаши на неговиот фејсбук профил.

На својот партиски профил како лидер на Алтернатива Гаши напиша: „Разговаравме за добрите односи меѓу Македонија и Албанија и за големата важност на отворањето на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, бидејќи од тоа зависи почетокот на преговорите и на Албанија. Нагласив дека, ако отворањето на преговорите за Албанија малку зависи од одлуката на Алтернатива да се приклучи кон актуелната Влада на Македонија, поради меѓусебната поврзаност на овие две држави на евроинтегративниот пат, ова е она што можеме најмалку да го сториме за Албанија.“