Во Франција остригите се консумираат за време на празниците, а во земја позната по виното, очигледно се добри и против мамурлак, објавија медиумите ден по новогодишната ноќ, кога како и секаде во светот луѓето се „опоравуваат“ од прославите.

Французите јадат остриги за празници или специјални прилики, но во областите каде што се одгледуваат, особено покрај брегот на Атлантикот, долго време се веруваше дека остригите е и природен лек за мамурлак.

Остригите е комплетен оброк бидејќи е свеж и совршен за јадење кога сме малку гладни“, рекол еден фармер.

Нутриционистката Ерве Лариел вели дека остригите имаат малку калории и масти, се добри за варење, но имаат цинк, кој е добар за исфрлање на алкохолот од телото.

Јадењето остриги навечер или ден по забавата навистина има својства против мамурлак. Но сепак најдобро е да се избегнува прекумерното консумирање алкохол за да се избегне оваа непријатна состојба“, додала Лариел.

„Радио Франс енфо“ советува дека е подобро да се јадат остриги за задоволство отколку за мамурлак.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.