Елена Бубало е вистинска инспирација. По професија биохемиски инженер и професионална фитнес инструкторка како и основач на групни тренинзи „Total Body Workout by Bubalo“. Покрај своите професионални ангажмани, Елена е посветна мајка и сопруга.
Будало е една од оние жени кои присуството на социјалните мрежи го користат отворено да зборуваат за менливоста на телото, менталното здравје и личниот прогрес. Таа постојано споделува лични импресии и приказни од нејзиниот живот мотивирајќи ги своите пријатели, соработници и следбеници дека не се сами.
Така на прави и овој пат. Елена на својот инстаграм-профил пред неколку дена сподели неколку фотографии и видео, а описот на истите ви го пренесуваме во целост:
„Ова сум јас, таа што ве мотивирам секој ден да се грижите за себе, но и да бидете реални спрема себе. Сликано во една иста минута, со супер позирање топ рамен стомак, насмевка и супер агол или со опуштено тело и со вишокот кожа после две деца! Па тоа е сосема нормално, а и секое тело е различно па како може да очекуваме сите да изгледаме совршено и исто“, вели Елена.
„Стомачните и натртениот задник драги луѓе не е знак за здравје. Само затоа што некој има стомачни не значи дека е здрав, или ако некој ги нема не значи дека не е здрав. Тоа е толку променливо затоа фокусирај се на себе и своето здравје!“, продолжува таа.
„Грижата за себе како вежбање, правилна исхрана, квалитетен сон стај ги на своето дневно мени во баланс со останатите обврски. Па вас тоа не ви е професија за цел ден на тоа да мислите и да го правите. Наспроти тоа, нас ни е професија и не треба поинаку да изгледаме а уште помалку да се фалиме со тоа, што би ми кажала моја блиска другарка па добро Елена тоа ти е работа, срамота е поинаку да биде“, додава Будало.
„Затоа уште еднаш, натпреварувај се само со себе, труди се секој ден да бидеш подобар од вчера, иако и тоа не е секогаш возможно, но не се откажувај, затоа што не е еднократна програма. Тоа е програма за цел живот, за себе и за тие околу тебе. И доста филозофирам отидов да се гушкам со Андреј и Зои“, допиша таа.