Скопското астрономско друштво на својот Фејсбук профил посочува дека започнал метеорскиот рој Персеиди.
Според нив, од крајот на јули па до средина на август, метеорскиот рој Персеиди отпочна со својата активност, додека пак пикот е ноќта од 12ти кон 13ти август.
„За жал оваа година на овој датум е полна Месечина па нема да има многу што да се види, освен можеби неколку од најсилните метеори. Но доколку сепак сакате да ги гледате персеидите и доколку биде ведро таа ноќ, одберете си некоја темна локација што подалеку од градските светла, најдете си некое столче или лежалка и гледајте да не ви биде Месечината во видното поле, па што уловите уловите“, додаваат од друштвото.