Со почеток во 18:00 часот, Македонија го игра првиот пријателски меч како подготовка за историскиот настап на ЕП. Противник е селекцијата на Словенија против која во минатото сме имале три победи, едно реми и еден пораз од пет меѓусебни пресметки.

Познати се и составите. Селекторот Игор Ангеловски секако се одлучи за стандардните единаесетмина, односно со познат состав. Сепак, поради оправдани причини нема двајца фудбалери кои сме навикнале да ги гледаме. Тоа е напаѓачот Илија Несторовски, кој како што е познато, поради повреда нема да игра ниту на ЕП, како и Енис Барди кој има позитивен тест на коронавирус. Тој нема да настапи на двете пријателски средби, против Словенија и против Казакхстан, но се очекува да добие негативен тест и да биде дел од селекцијата која ќе патува на ЕП.