Откако Мерјем Узерл се здоби со светска популарност благодарение на улогата на Султана Хурем, во хит серијата „Сулејман Величествениот“, таа постојано го привлекува вниманието на јавноста.
Оние кои ја следат на Инстаграм знаат дека убавата турска актерка сака да експериментира со различни комбинации на облека, а позната е и по тоа што често ги изненадува обожавателите со нова фризура.
Имено, овој пат турската ѕвезда ја обои косата во виолетова боја. Иако фановите беа шокирани од промената, повеќето се согласуваат дека и оваа фризура одлично и прилега на убавата актерка.
Промената според фотографиите можно е да е само привремена, само за потребите на една фотосесија или можеби најава за нов филм.
Мерјем кратко пред оваа промена експериментираше со боите и стана бринета, а притоа и драстично ја скрати должината на косата. Патем, нејзината природна коса е светло – кафеава.
Да потсетиме, актерката со турско – германски корени неодамна стана мајка на уште една ќерка, Лили Кои. Покрај неа, актерката ја има уште една ќерка Лара Џемине, која ја доби во врска со 17- години постариот претприемач Кан Атес.
Откако актерката раскина со Кан, таа ја побара среќата со својата ќерка во Берлин, каде престојува последните неколку години и каде се запозна и со нов партнер чиј идентитет вешто го крие од јавноста и медиумите. Таа призна дека е во врска и дека во моментов е „многу среќна и благословена“.