ФОТО | Селма Хајек и во шестата деценија позира во бикини: Изгледа феноменално!
И во средината на шестата деценија од својот од животот, мексиканската актерка Селма Хајек има што да им покаже на своите обожаватели. Имено, во оваа студена и за многумина неизвесна зима, таа го почести светот со летна фотографија на која позира во дводелен костим за капење.
– Последните денови од 2020. Никогаш не сум била поблагодарна оти сум здрава и во допир со природата – напиша Хајек под сликата.
Селма Хајек/Инстаграм
Годинава, таа глумеше во „Слободни патишта“ и „Како шеф“. Следните три филма каде што ќе глуми, се филмовите „Благослов“, „Вечните“ и „Телохранителот на сопругата на професионалниот убиец“, закажани за следната, 2021 година.