реклама

Зоолошката градина во Скопје сподели фотографии од најстарата жителка.

Се работи за Мимушка – шимпанза која е родена меѓу 1958 – 1960 година.

реклама

„Нашата омилена бабичка Мими е најстарата жителка во Скопје ЗОО. Дали знаете дека Мимушка, родена помеѓу 1958- 1960 година е едно од највозрасните шимпанза во светот? Како мала ја однеле во циркус, но била многу болна, па оттаму завршила да живее во цветен центар во Германија, во простор од само 9м2. Благодарение на AAP- организацијата која е посветена на спасување на шимпанзата е рехалибитирана и заедно со своите другари во живеалиште направено според стандардите на спасувачките центри и ЕАЗА, ги живее пензионерските денови во Скопје ЗОО секојдневно добивајќи најдобра грижа“, напишаа од таму.

реклама