Една од најпопуларните американски серии, која ги следеше животите на група пријатели во Њујорк во нивните 20-ти и 30-ти години, заврши со емитување во 2004 година, по навршени 10 сезони.

Оттогаш, обожавателите на култната серија немаа шанса да ги видат сите шест главни членови на актерската екипа заедно, до неодамна.

Специјалната епизода „Friends: The Reunion“, која премиерно беше емитувана во „HBO Max“ пробуди носталгични чувства кај луѓето низ целиот свет.

Под слични импресии беа и актерите, особено Џенифер Анистон која деновиве постојано објавува моменти од сетот на специјалната епизода.

Сè уште уживам во целата љубов од повторното обединување на „Пријатели“. Ви благодарам на сите“, напиша Џенифер во описот на неколкуте фотографии меѓу кои е и легендарното „селфи“ на пријателите.

Една од најсмешните моменти несомнено ѝ била реакцијата на нејзиниот поранешен колега Дејвид Швимер на средбата со специјалните гости на шоуто Џастин и Хејли Бибер.

Instagram
Instagram

Кога ќе се судрат два сосема различни света – лицето на Швимер кажува сè“, напиша Анистон во описот на фотографијата.