Свадби само на отворено под посебни протоколи. Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди информацијата на Алсат дека на почетокот на следниот месец се размислува да се дозволи организирање на свадбени прослави. Носењето на ваква одлука ќе зависи единствено ако бројот на новозаболени и натаму се намалува.

Advertisements

„Многу е веројатно да се случи ако продолжат овие трендови односно ако бројките и понатаму се намалуваат како што се намалуваат досега. Во делот на барањата на угостителските објекти да продолжат да работат само надвор не внатре да се дозволат свадбите после долг период во однос на потполнетост на капацитет во надворешни услови не внатре и евентуално да се зголеми бројот на посетители по маса“, рече министерот Филипче.

Угостителите бараат Владата што побрзо да им ги даде протоколите за работа за да може ги прилагодат објектите и навремено да ги известат младите кои имаат резервирани термини.

„Свадба не се организира од денес за утре, ни треба две до три недели однапред да ни се даде информација или тоа би значело до крајот на оваа недела да ни кажат до точен датум на пример од втори јуни ќе бидат дозволени организираните семејни прослави под овие протоколи. Ние да можеме да ги информираме идните младоженци за протоколот и како економски оператор да може да се спремиме“, вели Перица Голомеиќ – Туристичко-угостителска комора од ССК.

Протоколите кои ги предложија угостителите до властите се на свадбите да не биде доволено играње оро, туку само младоженците да ја отворат прославата со прв танц. Масите да бидат со дистанца и поради нивната големина да се дозволи на неа да седат максимум шест возрасни лица и две деца. Самите сопственици на рестораните ќе ангажираат лица кои ќе бидат задолжени да реагираат доколку гостите ги кршат протоколите. Рестораните за свадби се затворени цела година од самиот почеток на појавата на пандемијата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе