Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши годината на 65.место во светот, на најновата ФИФА листа. Покрај слабите резултати на последните мечеви, нашата селекција остана на тоа место на кое беше и на последното рангирање во октомври. Значи Македонија годината 2022 ќе ја заврши како 65-та фудбалска сила во светот.

Advertisements

Инаку на врвот има мали промени. Бразил остана прв, но сега Аргентина е втора, Франција трета а Белгија падна на четвртото место. Следуваат Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија во ТОП-10 селекции на ФИФА ранг листата.

Прикажи повеќе