Фудбалската федерација на Македонија ќе треба да плати 10.000 евра парична казна за свиркањето на бугарската химна на натпреварот од Лигата на нации што се одигра во Скопје.

Дополнително, ФФМ е казнет и за фрлање на тврди предмети на теренот со 4.500 евра.

Дисциплинската комисија на УЕФА ги одреди казните за последниот прозорец од Лигата на нации, а Македонија доби парична санкција.

Прикажи повеќе