Пристигна февруари, најкраткиот месец во годината, кој ќе донесе многу интересни можности и нови искуства. Некои луѓе ќе можат да сметаат на среќни околности овој месец, но некои ќе почувствуваат дека ништо не им оди. Ова се хороскопските знаци кои ќе наидат на предизвици и ќе ги одбројуваат деновите до крајот на февруари.
Девица
Девиците ќе бидат преоптоварени и често ќе се чувствуваат како да не можат да се одморат. Ќе бидат уморни и нервозни и хронично ќе им недостига одмор. Тоа ќе се одрази во сите сфери од нивниот живот, па на работа може да не можат да ги исполнат обврските и почесто да грешат, додека во интимниот живот може да дојде до зголемување на тензиите. Треба да се чуваат од избрзани реакции и избрзани одлуки.
Стрелец
Пред нив е напорен период. На работа ќе се случуваат настани кои нема да им се допаднат, а некои може да се судрат со колегите или претпоставените. Финансиските околности ќе бидат нестабилни. Можни се непредвидени трошоци, па би било добро секогаш да имате пари на страна за итни случаи. Ќе дојде до зголемување на напнатоста во врските, но во деновите по 20-ти ќе има мало олеснување.
Лав
Лавовите често ќе чувствуваат немир и напнатост. Ќе бидат нетрпеливи, па ќе се нервираат доколку нешто не оди според планот. Почесто ќе влегуваат во конфликти со околината, но треба да внимаваат што зборуваат во гнев. Не е време за непромислени потези и ненадејни одлуки. Интимниот живот носи триење, но на крајот на месецот ќе добијат шанса да се помират.